1 00:00:02,350 --> 00:00:11,293 Сјајните бои на оваа нова фотографија ја прикажуваат неверојатната сложеност на планетарната маглина PN M2-9, 2 00:00:11,293 --> 00:00:14,841 позната како маглина Двоен Млаз 3 00:00:15,654 --> 00:00:23,697 Хабл во оваа нова слика ги прикажува слоевите и јазлите од ширечки гас на маглината во неверојатни детали. 4 00:00:44,299 --> 00:00:49,298 Некои од најубавите слики добиени од Хабл се токму од планетарни маглини. 5 00:00:49,500 --> 00:00:54,517 Покрај нивното име, овие сликовити објекти немаат ништо со планетите. 6 00:00:55,700 --> 00:01:02,723 Раните астрономи кои ги набљудувале знаеле дека не се работи за планети, бидејќи не се движеле на небото. 7 00:01:02,800 --> 00:01:08,969 Името го добиле бидејќи наликувале на планети, гледани од телескопите од тоа време. 8 00:01:20,400 --> 00:01:28,340 Со доаѓањето на подобри телескопи, астрономите почнале да ја забележуваат нивната комплексна структура и конечно да ја откријат нивната вистинска природа. 9 00:01:29,200 --> 00:01:37,460 Тие се огромни „лушпи“ гас настанати кога ѕвездите слични на Сонцето ги исфрлаат своите надворешни слоеви откако ќе го потрошат своето гориво. 10 00:01:41,100 --> 00:01:52,472 Овие лушпи потоа се загреваат, јонизираат и осветлуваат од силната ултравиолетова радијација која доаѓа од врелото јадро на ѕвездата, 11 00:01:52,472 --> 00:01:57,235 останува во срцето на маглината, и произведува спектакуларни светлински шоуа како овие на сликата. 12 00:02:06,700 --> 00:02:13,228 Присутноста на различни гасови прави маглините да светат во толку разноврсни бои. 13 00:02:14,900 --> 00:02:21,762 Познатата маглина Прстен, на пример, свети во јарки нијанси на сино, зелено, црвено и портокалово, 14 00:02:21,762 --> 00:02:26,421 заради регионите богати со кислород, водород и азот. 15 00:02:27,650 --> 00:02:32,671 Маглината Двоен Млаз изгледа доста различно од маглината Прстен 16 00:02:32,671 --> 00:02:38,639 поради двата светли лобуси од материја кои се шират од центарот нанадвор. 17 00:02:39,200 --> 00:02:43,157 Причината за ваквата чудна структура се крие во јадрото на маглината. 18 00:02:43,570 --> 00:02:50,322 Маглината Двоен Млаз е биполарна маглина и нејзиниот карактеристичен облик 19 00:02:50,322 --> 00:02:53,848 се смета дека е резултат на не една, туку две ѕвезди во нејзиниот центар. 20 00:03:10,698 --> 00:03:16,851 Внатре во лобусите може да се забележат два матни прамена кои се шират хоризонтално нанадвор, 21 00:03:16,951 --> 00:03:20,394 почнувајќи од ѕвездениот систем. 22 00:03:20,420 --> 00:03:25,758 Се работи за два силни млаза гас кои се шират низ вселената. 23 00:03:28,270 --> 00:03:35,198 Овие млазови се исфрлаат од ѕвездениот систем со брзини поголеми од милион километри на час. 24 00:03:35,198 --> 00:03:39,547 Додека патуваат, полека ја менуваат својата ориентација, 25 00:03:39,547 --> 00:03:44,725 и се вијат бавно низ просторот налик на вода од прскалка. 26 00:03:47,300 --> 00:03:54,192 И овој феномен се препишува на дуото ѕвезди кои орбитират во центрарот на маглината. 27 00:04:01,100 --> 00:04:07,595 Покрај јасноста на оваа слика, двојните ѕвездени системи и нивните маглини се сеуште мистериозни. 28 00:04:08,029 --> 00:04:16,179 Хабл има многу да истражува, но засега, можеме да се насладуваме на нивната убавина оддалеку. 29 00:04:37,990 --> 00:04:42,494 Транскрипција од ESA/Hubble. Преведено од Марко Маневски