1 00:00:01,000 --> 00:00:08,000 На 24 Април 1990 година, Хабл бил лансиран во орбита со помош на вселенскиот шатл Дискавери, 2 00:00:08,000 --> 00:00:11,000 првиот вселенски телескоп од тој вид. 3 00:00:12,000 --> 00:00:15,000 Сега го прославува својот 26 - ти јубилеј! 4 00:00:16,000 --> 00:00:18,000 Како и во претходните години 5 00:00:18,000 --> 00:00:22,000 Хабл сними драматични космички релјефи за да го прослави овој настан. 6 00:00:22,000 --> 00:00:27,000 Како нова ставка во оваа колекција од слики од Вселената, 7 00:00:39,000 --> 00:00:44,000 Хабл снимил роденденски меур 8 00:00:46,000 --> 00:00:50,000 Во 2015 година, Хабл го набљудувал спечатливото ѕвездено јато Вестерлунд 2 9 00:00:50,000 --> 00:00:54,000 за да прослави четртина век во Вселената. 10 00:00:54,000 --> 00:00:59,000 Друга слика била откриена во една други паралелни прослави 11 00:00:59,000 --> 00:01:02,000 кои се оддржувале во научните центри и музеи ширум Европа. 12 00:01:08,000 --> 00:01:12,000 Оваа година, Хабл го свртил своето внимание кон друг познат објект: 13 00:01:12,000 --> 00:01:17,000 NGC 7635, подобро познат како маглината Меур. 14 00:01:17,000 --> 00:01:20,000 Сложен и шарен облак од гас 15 00:01:20,000 --> 00:01:23,000 кој се наоѓа на 8000 светлосни години од нас. 16 00:01:28,000 --> 00:01:30,000 Иако изгледа деликатен, 17 00:01:30,000 --> 00:01:36,000 маглината со дијаметар од 10 светлосни години нуди доказ за постоењето на моќни процеси. 18 00:01:37,000 --> 00:01:40,000 Меурот е создаден со помош на енергетски проток на гас, 19 00:01:40,000 --> 00:01:45,000 познат како стеларен ветер, кој доаѓа од масивната ѕвезда лоцирана во маглината. 20 00:01:46,000 --> 00:01:52,000 Ретката и сјајна ѕвезда е за неколку стотици пати посјајна од нашето Сонце. 21 00:01:53,000 --> 00:01:55,000 Притисокот од стеларниот ветер 22 00:01:55,000 --> 00:02:00,000 го обликува материјалот од соседниот меѓу - ѕвезден облак во форма на меур. 23 00:02:00,000 --> 00:02:05,000 Радијацијата од ѕвездата ги загрева густите региони од облакот, 24 00:02:05,000 --> 00:02:07,000 што ги тера да светат. 25 00:02:11,000 --> 00:02:16,000 Овој облак може да му стави крај на проширувањето на Меурот. 26 00:02:17,000 --> 00:02:23,000 Засега, постојаниот притисок од ѕвездата врз облакот е доволно силен 27 00:02:23,000 --> 00:02:30,000 за да и овозможи на сферата да се шири со брзина од 100.000 километри на час. 28 00:02:32,000 --> 00:02:36,000 Хабл ја набљудувал маглината Меур и порано. 29 00:02:36,000 --> 00:02:41,000 Хабл бил искористен за фотографирање на маглината пред повеќе од 15 години 30 00:02:41,000 --> 00:02:44,000 а фотографиите добиле светска слава. 31 00:02:44,000 --> 00:02:51,000 Со овие претходни набљудувања, на астрономите им било овозможено да ја проучуваат и разберат структурата и движењето 32 00:02:51,000 --> 00:02:55,000 на материјалот во овој систем. 33 00:02:58,000 --> 00:03:05,000 Иако се битни, првобитните фотографии биле надминати со последните јубилејни фотографии. 34 00:03:05,000 --> 00:03:10,000 Нова слика не само што ги прикажува внатрешните региони на маглината со голема бистрина, 35 00:03:10,000 --> 00:03:13,000 но воедно ја прикажува и непосредната околина на маглината Меур. 36 00:03:13,000 --> 00:03:19,000 Воедно овозможува и запрепастувачки поглед на еден поголем комплекс на ѕвезди во тој регион. 37 00:03:23,000 --> 00:03:29,000 Оваа спектакуларна нова фотографија ќе биде користена не само за прослава на 26 - тиот јубилеј на Хабл, 38 00:03:29,000 --> 00:03:36,000 туку и за идната изложба на Хабл насловена како „Нашето место во Вселената“. 39 00:03:36,000 --> 00:03:42,000 Од почетокот на 2017 година оваа изложба ќе пропатува низ европските градови 40 00:03:42,000 --> 00:03:45,000 со цел да го приближи Хабл до вас. 41 00:03:47,000 --> 00:03:50,000 Транскрипција на ESA/Hubble, Превод на Андреј Стојчевски.