1 00:00:01,000 --> 00:00:06,000 Во надворешните делови на Соларниот систем, на приближно 6 милијарди километри оддалеченост, 2 00:00:06,000 --> 00:00:11,000 џуџестата планета Плутон полека орбитра околу Сонцето. 3 00:00:11,000 --> 00:00:17,000 Пред прелетот на сондата Нови Хоризонти на НАСА околу ледената планета во Јули 2015 година, 4 00:00:17,000 --> 00:00:25,000 речиси сите информации кои ги имавме за овој далечен објект потекнуваа од набљудувањата направени со вселенскиот телескоп Хабл. 5 00:00:44,000 --> 00:00:49,000 Плутон бил откриен во 1930 година од страна на астрономот Клајд Томбо, 6 00:00:49,000 --> 00:00:54,000 тој прво бил класифициран како деветтата планета во Соларниот систем. 7 00:00:56,000 --> 00:01:03,000 Сепак, со откривањето на нови објекти со слична големина, маса и состав, 8 00:01:03,000 --> 00:01:08,000 астрономите започнале да се двоумат дали Плутон навистина е планета. 9 00:01:13,000 --> 00:01:17,000 Во 2006 година тие одлучиле дека Плутон не е планета. 10 00:01:17,000 --> 00:01:23,000 Плутон бил класифициран како ново утврдената категорија на џуџести планети. 11 00:01:30,000 --> 00:01:37,000 До Јули 2015 година, кога по 9 години патување, вселенската сонда Нови Хоризонти на НАСА пристигнала во орбита околу Плутон 12 00:01:37,000 --> 00:01:42,000 речиси сите информации кои ги имавме за Плутон потекнуваа од Хабл. 13 00:01:47,000 --> 00:01:54,000 Харон, најголемата месечина на Плутон, била откриена во опсерваторијата Навал во САД 14 00:01:54,000 --> 00:01:58,000 пред лансирањето на Хабл во 1990 година. 15 00:01:58,000 --> 00:02:06,000 По лансирањето, Хабл бил свртен кон овој мал систем за да се дојдат до нови информации. 16 00:02:09,000 --> 00:02:14,000 Вселенскиот телескоп успеал да открие 4 нови месечини околу Плутон, 17 00:02:14,000 --> 00:02:19,000 благодарение на неговата позиција надвор од земјината атмосфера. 18 00:02:20,000 --> 00:02:27,000 Со набљудувањата на Хабл во 2006 година биле откриени малите месечини Никс и Хидра, 19 00:02:27,000 --> 00:02:31,000 чиј дијаметар е помал од 60 километри. 20 00:02:33,000 --> 00:02:40,000 Во 2011 и 2012 година, две нови месечини биле откриени во податоците од Хабл. 21 00:02:40,000 --> 00:02:47,000 Тие ги добиле имињата Кербер и Стикс, кои биле во сооднос со претходните две плутонови месечини, 22 00:02:47,000 --> 00:02:52,000 кои ги добиле своите имиња по суштества и места од грчкиот митолошки подземен свет. 23 00:02:54,000 --> 00:03:01,000 Сликите од Хабл им овозможиле на астрономите да ја проценат големината и сјајноста 24 00:03:01,000 --> 00:03:08,000 на месечини и да покажат дека Никс и Хидра хаотично се „тркалаат“ додека орбитираат. 25 00:03:09,000 --> 00:03:14,000 Астрономите мислат дека истото е точно и за Кервбер и Стикс. 26 00:03:18,000 --> 00:03:24,000 Во текот на годините, со Хабл можеле да се видат неколку карактеристики на плутоновата површина. 27 00:03:24,000 --> 00:03:27,000 Тие се простираат по неколку стотици километри, 28 00:03:27,000 --> 00:03:33,000 неговите поларни области и неколку светли точки. 29 00:03:34,000 --> 00:03:40,000 Овие слики биле најдеталните мапи од Плутон се до прелетот на Нови Хоризонти. 30 00:03:45,000 --> 00:03:50,000 Сликите од Хабл со висока резолуција не можат да се натпреваруваат со оние направени од сондата 31 00:03:50,000 --> 00:03:53,000 која помина во близина на планетите од Соларниот систем 32 00:03:54,000 --> 00:03:59,000 Сепак, Хабл има предност која се состои во неговата способност за долгорочна опсервација, 33 00:03:59,000 --> 00:04:03,000 со што може периодично да се навраќа на набљудуваните објекти. 34 00:04:05,000 --> 00:04:11,000 Ова е од голема важност за проучување на атмосферата и геологијата на планетите. 35 00:04:14,000 --> 00:04:20,000 Во следните години астрономите планираат да го искористат следбеникот на Хабл и неговата инфра - црвена бранова должина 36 00:04:20,000 --> 00:04:27,000 телескопот Џејмс Веб на НАСА, Европската Вселенска Агенција и Канадската Вселенска Агенција, за идни проучувања на Плутон. 37 00:04:27,000 --> 00:04:35,000 Овој телескоп треба да биде лансиран во 2018 година и истиот ќе може да ја проучува хемијата на плутоновата површина, 38 00:04:35,000 --> 00:04:40,000 неговите месечини и други објекти кои лежат околу Плутон, 39 00:04:40,000 --> 00:04:47,000 со што е можно да се решат мистериите на надворешните делови на Соларниот Систем. 40 00:05:06,000 --> 00:05:10,000 Транскрипција на ЕЅО; Превод на Андреј Стојчевски.