1 00:00:04,100 --> 00:00:08,080 Технологијата е во јадрото на она што е и што го прави Хабл. 2 00:00:08,800 --> 00:00:14,859 Како резултат на тоа, напредоците кои се прават со создавањето и оддржувањето на телескопите како што е Хабл 3 00:00:14,859 --> 00:00:18,000 имаат влијание во области надвор од астрономијата. 4 00:00:18,314 --> 00:00:23,113 Од индустрија до медицина, од аеронаутика до енергетскиот сектор, 5 00:00:23,113 --> 00:00:28,000 современата астрономија има извршено влијание врз секоја област на технологијата. 6 00:00:41,000 --> 00:00:45,000 Влијанието на астрономијата врз нашиот технолошки свет 7 00:00:47,300 --> 00:00:53,852 Кои се практичните примени за обичните луѓе? Знаете, како примери од реалниот живот? 8 00:00:54,530 --> 00:00:57,780 Па, ОК. Најпрво, ние се занимаваме со основна физика. 9 00:00:57,780 --> 00:01:03,281 Тоа значи дека што и да правиме нема да се применува утре. 10 00:01:03,281 --> 00:01:07,649 А нешто што има директна примена е Општиот релативитет. 11 00:01:07,649 --> 00:01:11,300 Се сеќавате на Ајштајн, 1916 година, пред 100 години? 12 00:01:11,300 --> 00:01:17,200 Тој си мислел: Општ релативитет. И со години тој бил неупотреблив. 13 00:01:17,254 --> 00:01:23,982 Мислам неприменлив за нормалните луѓе. Сега, секој го користи секојдневно. 14 00:01:23,982 --> 00:01:28,000 И нема да поверуваат каде, нели? Бидејќи тие го носат во својот џеб. 15 00:01:28,000 --> 00:01:33,064 GPS! GPS во вашиот мобилен телефон, тоа е директна примена на општиот релативитет. 16 00:01:33,064 --> 00:01:37,092 Поточно, тој (мобилниот телефон, заб. на прев.) нема да функционира без општиот релативитет. 17 00:01:40,590 --> 00:01:46,395 Хабл е софистициран инструмент кој постави златен стандард за повеќе опсерватории. 18 00:01:50,188 --> 00:01:55,234 Беше потребна врвна технологија за да можеше истиот да функционира; 19 00:01:55,234 --> 00:02:02,757 како и постојани надградувања и подобрувања, вклучително и пет мисии за сервисирање, го донесоа на неговото сегашно место. 20 00:02:05,500 --> 00:02:13,015 Не изненадува тоа што многу технологии кои првично биле развиени за Хабл и други астрономски инструменти 21 00:02:13,015 --> 00:02:16,194 нашле примена во други области. 22 00:02:18,300 --> 00:02:23,715 Технологиите за астрономско снимање направија големо влијание во областа на медицинска опрема. 23 00:02:24,000 --> 00:02:30,718 Некои, како CCD и CMOS детекторите најдоа примена во секојдневниот живот. 24 00:02:31,127 --> 00:02:36,285 Овие електронски чипови ги конвертираат фотоните во електрични полнежи, 25 00:02:36,285 --> 00:02:40,967 што им овозможува на камерите да реагираат на светлина со зголемена ефикасноност. 26 00:02:43,000 --> 00:02:45,995 CCD се клучни за Хабл. 27 00:02:46,500 --> 00:02:55,000 Неговата Напредна Камера за Истражување користи CCD камера за да направи слики како што е Хабловото Ултра Длабоко Поле, 28 00:02:55,000 --> 00:02:59,430 најдлабоката слика од Вселената направена на оптичка светлина. 29 00:03:01,300 --> 00:03:06,340 Одлуката да се користи ултра - осетливата CCD технологија на Хабл 30 00:03:06,340 --> 00:03:11,588 играше голема улога во развојот и популаризацијата на овие детектори. 31 00:03:12,500 --> 00:03:19,723 Слични такви детектори најдоа примена и во персоналните камери, вебкамери и мобилни телефони. 32 00:03:21,107 --> 00:03:25,626 Патем, исто пред еден век, постоеше квантна физика. 33 00:03:25,626 --> 00:03:31,166 Целосна револуција во начинот на кој го замислувавме светот. 34 00:03:31,166 --> 00:03:34,854 И без квантна физика еден мобилен телефон не може да функцонира. 35 00:03:34,854 --> 00:03:41,125 Помалку познати од паметните телефони и дигиталните камери се GPS уредите. 36 00:03:41,125 --> 00:03:45,568 Преку систем од сателити, раководен од војската на САД, 37 00:03:45,568 --> 00:03:51,814 возачите и корисниците на паметни телефони можат да ја утврдат нивната локација во било кое време. 38 00:03:53,878 --> 00:03:58,662 GPS сателитите користат сјајни и далечни астрономски објекти 39 00:03:58,662 --> 00:04:02,330 за да ги утврдат локациите со голема прецизност. 40 00:04:04,120 --> 00:04:08,530 Создавање на прецизни мапи од овие објекти, познати како квазари, 41 00:04:08,530 --> 00:04:13,412 налага тесна соработка помеѓу иноваторите и астрономијата. 42 00:04:17,144 --> 00:04:23,620 Европската Унија во соработка со Европската Вселенска Агенција (ESA) моментално работат на нивен чисто цивилен, 43 00:04:23,620 --> 00:04:30,095 сателитски систем за навигација, Галилео, кој ќе започне да функционира кон крајот на 2016. 44 00:04:32,000 --> 00:04:37,573 Астрономската машинерија не го привлече вниманието на пошироката јавност. 45 00:04:38,040 --> 00:04:45,004 Инструментите на Хабл ќе беа помалку корисни без вистинскиот софтвер кој врши анализа на податоците кои тој ги собира. 46 00:04:45,598 --> 00:04:50,442 Овој софтвер беше создаден со помош на посебни програмски јазици. 47 00:04:50,681 --> 00:04:56,442 Интерактивниот јазик за податоци или IDL, е еден таков програмски јазик. 48 00:04:57,114 --> 00:05:01,967 Тој денес е широко применет во медицинското снимање и атмосферската физика. 49 00:05:02,263 --> 00:05:07,400 Но, првите IDL програми биле користени за анализа на астрономски податоци 50 00:05:07,400 --> 00:05:12,113 а денес астрономите уште ги користат ваквите програми. 51 00:05:14,900 --> 00:05:21,260 IDL не е единственото нешто што се користи во медицината и астрономијата. 52 00:05:23,000 --> 00:05:27,000 Знаете, постои видлива светлина, постои радио, инфра - црвена, 53 00:05:27,000 --> 00:05:34,000 и сите овие се електро - магнетни бранови кои астрономите ги користат за да ја набљудуваат Вселената. 54 00:05:34,000 --> 00:05:37,326 Но во одреден момент недостасуваа рентген зраците. 55 00:05:37,326 --> 00:05:41,088 Па еден астроном рече: ОК, навистина треба да преземеме нешто во врска со тоа 56 00:05:41,088 --> 00:05:45,174 и ја разви технологијата за набљудување на небото на рентген зраци. 57 00:05:45,174 --> 00:05:49,100 Затоа ја доби Нобеловата награда, што беше добро, а ние добивме нова технологија. 58 00:05:49,100 --> 00:05:54,996 Сега сите ја користиме секојдневно, без разлика дали поминуваме низ безбедносна проверка на аеродром 59 00:05:54,996 --> 00:05:56,459 или одиме во болница. 60 00:05:56,459 --> 00:06:01,266 Ова е пример за технологија која се користи секојдневно, благодарение на астрономијата. 61 00:06:02,653 --> 00:06:07,265 Техниките за напредно снимање кои ги користи Хабл за да ѕирне длабокот во Вселената 62 00:06:07,265 --> 00:06:13,117 сега се користат од страна на докторите за снимање на градното ткиво, без притоа да се применува хируршки зафат. 63 00:06:16,415 --> 00:06:20,747 Софтверот кој бил развиен од ЕЅА за обработка на сателитски снимки 64 00:06:20,747 --> 00:06:27,550 беше адаптиран за да открива симптоми на Алцхајмерова болест со магнетна резонанца. 65 00:06:27,550 --> 00:06:32,000 Овие скенери, заедно со многу други кои се применуваат во медицината, 66 00:06:32,000 --> 00:06:35,933 користат многу од напредоците во технологијата за снимање беа донесени 67 00:06:35,933 --> 00:06:38,649 од телескопите како Хабл. 68 00:06:41,762 --> 00:06:46,048 Ѕвездите светкаат, а тоа е голем проблем за астрономите. 69 00:06:46,048 --> 00:06:52,000 Всушност, ѕвездите не светкаат, туку проблемот е во нашата атмосфера која се движи. 70 00:06:52,000 --> 00:06:57,792 За да бидат компензирани ваквите движења на атмосферата, астрономите дошле до една многу паметна идеја, 71 00:06:57,792 --> 00:06:59,835 наречена адаптивна оптика. 72 00:06:59,835 --> 00:07:03,295 Идејата се состои во тоа што или се избира многу сјајна ѕвезда, 73 00:07:03,295 --> 00:07:08,032 или многу силен ласер се насочува кон една ѕвезда која понатаму се користи како водач. 74 00:07:08,032 --> 00:07:12,908 Идејата се состои во замислување за тоа како една совршена ѕвезда треба да изгледа 75 00:07:12,908 --> 00:07:17,854 и мерење на ѕвездата кон која сме го насочиле ласерот или природната ѕвезда, 76 00:07:17,854 --> 00:07:22,684 па со нивна споредба и сложени математички пресметки 77 00:07:22,684 --> 00:07:25,702 се открива алгоритам за корекција на сликата. 78 00:07:25,702 --> 00:07:30,547 Но оваа технологија беше преместена во медицината нели? 79 00:07:30,547 --> 00:07:37,615 Да! На тој начин беа развиени ласерските операции, а јас всушност има една таква операција, 80 00:07:37,615 --> 00:07:40,606 наречена LASIK, а идејата за неа е многу слична. 81 00:07:40,606 --> 00:07:45,742 Се утврдува каква треба да изгледа совршената форма на окото 82 00:07:45,742 --> 00:07:48,259 по што се користи ласер за да се изврши корекција, 83 00:07:48,259 --> 00:07:51,766 и со тоа ќе можете да го видите светот појасно и подобро. 84 00:07:52,750 --> 00:07:55,667 Ова е само врвот на сантата мраз. 85 00:07:55,667 --> 00:07:59,614 Технологијата која првично била наменета за истражување на Вселената 86 00:07:59,614 --> 00:08:07,602 даде придонес на стотици начини во нашите животи и придонесе за меѓународната соработка. 87 00:08:11,497 --> 00:08:17,348 Иако користа за нашите секојдневни животи можеби нема да биде моментална, сепак таа постои. 88 00:08:17,348 --> 00:08:22,457 Од придонес во разни области преку трансфер на технологија, 89 00:08:22,457 --> 00:08:25,823 до промена на нашиот поглед на Вселената во која живееме, 90 00:08:25,823 --> 00:08:31,717 астрономијата продолжува да игра голема улога во нашите секојдневни животи повеќе отколку што сознаваме. 91 00:08:32,459 --> 00:08:38,076 Ги цениме старите опсервации. Сакаме нив да ги задржиме засекогаш. 92 00:08:38,076 --> 00:08:44,020 Еднаш направената опсервација не може да биде повторена, бидејќи ноќното небо постојано се менува. 93 00:08:44,020 --> 00:08:49,500 Затоа, имаме опсервации стари по 10, 20, 50, 100 години. 94 00:08:49,500 --> 00:08:57,836 Затоа го имаме и форматот fits. Тој не се наоѓа во широка примена, но е исклучително стандарден. 95 00:08:57,836 --> 00:08:59,058 Секој го користи. 96 00:08:59,058 --> 00:09:02,285 Повеќето луѓе го знаат формато jpeg или gif... 97 00:09:02,285 --> 00:09:07,974 Тој е сличен на jpeg, но се е опишано во самиот фајл. 98 00:09:07,974 --> 00:09:11,318 Затоа ако го имате фајлот ќе знаете како да го прочитате. 99 00:09:11,318 --> 00:09:19,932 Освен во астрономијата тој се користи и за архивирање. Како во стари библиотеки. 100 00:09:19,932 --> 00:09:28,175 Ватиканската библиотека го користи нашиот астрономски формат. А знаете дека тие имаат долгорочност во предвид. 101 00:09:28,175 --> 00:09:34,909 Затоа, сета дигитализација на ватиканската архива сега е во овој формат 102 00:09:34,909 --> 00:09:38,439 кој е универзален за сите астрономи. 103 00:09:38,439 --> 00:09:47,076 Можат да добијам касета или ЦД или слика која била направена во САД пред 30 години 104 00:09:47,076 --> 00:09:49,561 и можам да ја споделам со руски колега. 105 00:09:49,561 --> 00:09:58,500 Нема проблем со сопственичките формати, ниту со верзијата, единствено тој функционира, единствено е стандарден. Магија. 106 00:09:59,058 --> 00:10:16,000 Транскрипција на ESA/Hubble; Превод на Андреј Стојчевски.