1 00:00:01,600 --> 00:00:08,540 Убавина, благодат, мистерија - оваа величествена спирална галаксија го има сето тоа. 2 00:00:08,640 --> 00:00:12,120 Снимена со вселенскиот телескоп Хабл на NASA/ESA, 3 00:00:12,560 --> 00:00:18,480 галаксијата NGC 3344 се гледа пред нас, 4 00:00:18,480 --> 00:00:24,080 обезбедувајќи им можност на астрономите да ја проучуваат нејзината сложена и елегантна структура. 5 00:00:24,080 --> 00:00:29,840 И со способноста на Хабл да ја набљудува галаксијата во широк спектар на различни бранови должини, 6 00:00:29,840 --> 00:00:34,520 одредени карактеристики ни се откриваат, што инаку би останало невидливо. 7 00:00:47,160 --> 00:00:53,060 Спиралните галаксии се едни од најспектакуларните астрономски објекти што можеме да ги видиме, 8 00:00:53,420 --> 00:00:59,860 и секој од нив е насочена кон нас под различен агол, создавајќи неверојатно различни форми на небото. 9 00:01:00,880 --> 00:01:08,500 Некои од нив може да се видат директно, давајќи им на астрономите одлична идеја за вертикалната структура на галаксијата. 10 00:01:08,720 --> 00:01:15,740 Другите се гледаат под агол, давајќи им навестувања за големината и структурата на нивните спирални краци. 11 00:01:16,260 --> 00:01:24,420 Неверојатно, многумина се гледаат директно, целосно прикажувајќи ги нивните краци и јасното јадро во сета своја убавина. 12 00:01:25,820 --> 00:01:35,340 На оддалеченост од околу 20 милиони светлосни години, галаксијата NGC 3344 е насочена директно кон Земјата, 13 00:01:35,340 --> 00:01:39,800 давајќи ни прекрасни погледи на нејзините движечки краци. 14 00:01:43,040 --> 00:01:50,800 Со сите прекрасни инструменти на Хабл, можеме да видиме повеќе од само видливата светлина што ја емитира оваа галаксија. 15 00:01:51,080 --> 00:01:56,200 Инструментите на Хабл ја имаат набљудувале оваа галаксија на различни бранови должини - 16 00:01:56,200 --> 00:02:03,320 доставувајќи поцелосна слика за структурата, составот и однесувањето на NGC 3344 17 00:02:03,320 --> 00:02:06,540 од онаа која човечкото око некогаш може да ја долови. 18 00:02:09,400 --> 00:02:15,740 Подвижните краци на NGC 3344 се родно место на нови ѕвезди. 19 00:02:16,500 --> 00:02:22,000 Овие ѕвезди се исклучително жешки и млади, така што тие блескаат брилијантно сино. 20 00:02:23,100 --> 00:02:29,640 Тие, исто така, емитираат ултравиолетова светлина, која Хабл ја доловува и ни овозможува да набљудуваме. 21 00:02:32,180 --> 00:02:37,280 Облаци од прашина и гас исто така се распоредени низ спиралните краци. 22 00:02:39,940 --> 00:02:43,760 Овие се гледаат најдобро во црвениот дел од спектарот, 23 00:02:43,760 --> 00:02:51,940 користејќи ги теснопојасните филтри на Хабл за изолирање на H-алфа и NIII - двојно јонизиран азот. 24 00:02:53,580 --> 00:03:01,360 Облаците, обоени со црвена боја на оваа слика, обезбедуваат резервоар на материјал од кој еден ден ќе се формираат нови ѕвезди. 25 00:03:04,980 --> 00:03:11,120 Во центарот на галаксијата лежи галактичка испакнатина, која сјае со жолто-портокалова светлина. 26 00:03:11,220 --> 00:03:20,340 Како испакнатината на Млечниот Пат, таа е составена првенствено од постари, поладни ѕвезди кои емитираат црвена светлина. 27 00:03:23,320 --> 00:03:28,540 Хабл ни овозможува да се восхитуваме на убавината на NGC 3344 на видлива светлина, 28 00:03:28,580 --> 00:03:34,660 но исто така ни овозможува да дознаеме за тајната, внатрешниот состав на оваа галаксија - 29 00:03:34,720 --> 00:03:39,940 сето тоа со светлината која е околу нас, која нашите очи не можат да ја видат. 30 00:03:52,420 --> 00:03:57,260 Превод на ЕЅА, преведено од Андреј Стојчевски.