1 00:00:01,000 --> 00:00:07,800 Вселенскиот телескоп Хабл на НАСА / ЕСА е именуван по познатиот астроном Едвин Хабл. 2 00:00:08,000 --> 00:00:15,000 Тој открил дека постојат галаксии надвор од нашата сопствена земја и дека Универзумот се проширува. 3 00:00:15,320 --> 00:00:23,000 Сепак, овие извонредни откритија не би биле можни без еден исклучителен астроном пред него - 4 00:00:23,000 --> 00:00:26,000 Хенриета Свон Левит. 5 00:00:35,000 --> 00:00:39,000 Хенриета Левит - жената која ја мереше Вселената 6 00:00:40,340 --> 00:00:46,800 Хенриета Левит е родена во Ланкастер, Масачусетс во 1868 година. 7 00:00:47,000 --> 00:00:55,500 Студирала на колеџот Оберлин, Охајо, а потоа Харвардовото Универзитетско Општество за Колегиумско Насочување на Жените. 8 00:00:57,000 --> 00:01:03,000 Таа започнала да изучува астрономија во нејзината последна година на универзитетот - 9 00:01:03,000 --> 00:01:09,000 но ова предизвикал силен интерес што таа ќе го следи до крајот на својот живот. 10 00:01:10,500 --> 00:01:14,400 Таа започнала да работи на опсерваторијата Харвард како "пресметувач" 11 00:01:14,400 --> 00:01:20,000 - една од неколкуте искусни жени најмени за обработка на астрономски податоци. 12 00:01:21,060 --> 00:01:26,000 Таа помогнала во каталогизирањето на осветленоста на секоја мерлива ѕвезда 13 00:01:26,000 --> 00:01:32,000 и брзо беше промовирана да биде шеф на одделот за фотографско ѕвездена фотометрија. 14 00:01:34,500 --> 00:01:38,800 Снабдена со фотографски плочи на ѕвездите на јужното небо, 15 00:01:38,800 --> 00:01:45,500 Левит беше задолжена за класификација на променливи ѕвезди - оние со променлива светлост. 16 00:01:47,000 --> 00:01:51,000 Додека ги проучувала овие променливи ѕвезди, таа забележала шема: 17 00:01:51,000 --> 00:01:56,000 колку е посветла ѕвездата, толку е подолг периодот на флуктуациите. 18 00:01:56,000 --> 00:02:02,000 Лесно мерливата должина на ѕвездените флуктуации директно водела до нејзината осветленост 19 00:02:02,000 --> 00:02:04,000 - и на нејзината оддалеченост. 20 00:02:05,000 --> 00:02:08,880 Набљудувањето на овие цефеидни варијабили се покажало како клучна 21 00:02:08,880 --> 00:02:13,500 за фундаментална промена во нашето разбирање на Универзумот. 22 00:02:16,000 --> 00:02:20,500 Едвин Хабл ја користел оваа "мерна лента" за да го одреди растојанието 23 00:02:20,500 --> 00:02:25,000 на она што тогаш било познато како маглината Андромеда. 24 00:02:25,500 --> 00:02:31,000 Резултатот покажал дека Андромеда всушност не била дел од Млечниот Пат 25 00:02:31,000 --> 00:02:35,000 туку посебна галаксија, одалечена на милиони светлосни години. 26 00:02:36,000 --> 00:02:44,000 Едвин Хабл открил дека нашиот Универзум содржи многу повеќе галаксии отколку само Млечниот Пат. 27 00:02:46,500 --> 00:02:51,500 Хабл ги мерел растојанијата до се повеќе и повеќе галаксии со користење на Левитовиот закон. 28 00:02:52,000 --> 00:03:00,000 Овие мерења го доведоа до уште една неверојатна дедукција: целиот Универзум се шири. 29 00:03:00,000 --> 00:03:06,000 Тој ги собра првите набљудувачки докази за Големата Експлозија. 30 00:03:09,500 --> 00:03:14,500 Хенриета Свон Левит никогаш не го знаела влијанието на нејзиното откритие. 31 00:03:14,500 --> 00:03:21,000 Таа починала три години пред Хабл да го објави своето откритие за галаксијата Андромеда. 32 00:03:21,000 --> 00:03:29,000 Сепак, дури и денес откритието Левитт останува суштинска основа на современата космологија 33 00:03:29,000 --> 00:03:34,000 и сеуште се користи за одредување на растојанијата до галаксиите. 34 00:03:40,000 --> 00:03:44,000 Hubblecast е произведен од ESA / Hubble на Европската Јужна Опсерваторија во Германија 35 00:03:44,000 --> 00:03:48,740 Мисијата Хабл е проект за меѓународна соработка меѓу НАСА и Европската Вселенска Агенција. 36 00:03:49,000 --> 00:03:54,000 Преводи од ESA / Hubble. Превод од Андреј Стојчевски.