1 00:00:00,320 --> 00:00:04,680 Нашето знаење за егзопланетите расте брзо. 2 00:00:04,680 --> 00:00:11,440 Во последниве години астрономите открија огромен број светови надвор од нашиот сончев систем 3 00:00:11,440 --> 00:00:16,880 дури извлекоа информации за нивните големини, температури и атмосфери 4 00:00:17,800 --> 00:00:24,260 Но, како научниците можат да ги знаат овие детали за планетите кои постојат на такви огромни растојанија од нас? 5 00:00:32,060 --> 00:00:36,280 Откривање на егзопланети од транзит. 6 00:00:37,200 --> 00:00:40,500 Егзопланетите поставуваат некои загонетни прашања 7 00:00:41,600 --> 00:00:45,900 од можноста за постоење на други светови слични на Земјата до вонземски живот. 8 00:00:48,420 --> 00:00:52,300 Но, барањето одговори на овие прашања не е лесна задача 9 00:00:53,300 --> 00:00:56,860 Егзопланетите испуштаат речиси никаква видлива светлина 10 00:00:57,460 --> 00:01:03,440 и орбитираат околу ѕвезди на големи растојанија од Земјата, што ги прави многу тешко да се набљудуваат. 11 00:01:07,000 --> 00:01:11,320 Транзитите нудат една од најдобрите шанси за изучување на егзопланетите. 12 00:01:12,580 --> 00:01:16,020 Ова е кога планетата поминува меѓу својата ѕвезда домаќин и Земјата, 13 00:01:16,540 --> 00:01:20,200 привремено намалувајќи ја очигледната светлина на ѕвездата. 14 00:01:21,100 --> 00:01:24,660 Времетраењето и промената на интензитетот на кривата на светлината 15 00:01:24,760 --> 00:01:28,300 им дава на астрономите индиции за големината и орбитата на планетата. 16 00:01:29,900 --> 00:01:35,000 Дополнителни помали падови во нивоата на светлина непосредно пред или по транзитот 17 00:01:35,220 --> 00:01:39,120 може да претставуваат индиции за сателит; егзомесечина. 18 00:01:42,480 --> 00:01:45,760 Транзитите дури може да ни кажат од што е направена планета. 19 00:01:48,760 --> 00:01:52,440 Малиот дел од светлината што поминува преку нејзината атмосфера 20 00:01:53,020 --> 00:01:56,180 реагира со тамошните атоми и молекули. 21 00:01:59,440 --> 00:02:01,980 Светлината потоа носи информации за нив, 22 00:02:02,360 --> 00:02:05,080 што научниците ги користат за да утврдат услови 23 00:02:05,660 --> 00:02:09,640 како температура, хемиски состав и историја на создавање. 24 00:02:12,780 --> 00:02:16,100 Сепак, овој метод има ограничувања. 25 00:02:16,600 --> 00:02:22,160 Транзитите се случуваат само ако орбитата на планетата всушност поминува меѓу својата ѕвезда домаќин и Земјата 26 00:02:22,940 --> 00:02:25,920 па нејзината орбита мора да биде свртена кон нас. 27 00:02:27,520 --> 00:02:32,660 Ова е случај само за мал дел од планетарните системи 28 00:02:34,080 --> 00:02:40,400 Каде што тие се случуваат, транзитот се случува ретко и трае релативно кратко време 29 00:02:40,820 --> 00:02:43,700 па случајните набљудувања не се можни. 30 00:02:47,580 --> 00:02:53,980 Транзитите исто така се насочени кон наоѓање на поголеми егзопланети кои се поблиску до нивната ѕвезда домаќин. 31 00:02:55,380 --> 00:03:01,980 Овие планети блокираат повеќе светлина, создавајќи поголеми падови во осветленоста што е полесно за откривање. 32 00:03:02,520 --> 00:03:06,600 Значи, транзитите не претставуваат целосна разновидност на светови. 33 00:03:09,780 --> 00:03:12,720 Дури може да има и лажни откритија. 34 00:03:13,660 --> 00:03:19,780 Понекогаш намалувањето на осветленоста е предизвикано од нешто друго, како што е една ѕвезда што поминува пред друга 35 00:03:20,060 --> 00:03:21,500 во бинарен систем. 36 00:03:25,000 --> 00:03:30,420 И покрај овие ограничувања, транзитите имаат откриено бројни други светови 37 00:03:30,660 --> 00:03:34,440 благодарение на големиот број на ѕвезди и планети во универзумот 38 00:03:35,260 --> 00:03:38,660 и софистицираната технологија да ги бара. 39 00:03:40,820 --> 00:03:44,620 Вселенскиот телескоп Хабл е главна пресвртница во ова поле. 40 00:03:46,220 --> 00:03:51,600 Хабл го направи првото атмосферско испитување на егзопланетите со големина на Земјата, 41 00:03:53,680 --> 00:03:57,760 ја долови првата слика на егзопланета во видлива светлина, 42 00:03:59,120 --> 00:04:04,500 и ја откри првата органска молекула во атмосферата на егзоплане. 43 00:04:06,380 --> 00:04:11,180 Сепак, овие извонредни откритија го притискаат Хабл до самите граници. 44 00:04:11,720 --> 00:04:15,000 За да истражуваме уште подлабоко во овие далечни светови, 45 00:04:15,280 --> 00:04:17,720 ни требаат уште помоќни телескопи. 46 00:04:19,540 --> 00:04:25,480 Престојниот космички телескоп Џејмс Веб ќе ја однесе оваа технологија на следното ниво. 47 00:04:26,660 --> 00:04:32,880 Џејмс Веб ќе го набљудува универзумот на инфрацрвени бранови должини со невидена осетливост. 48 00:04:33,960 --> 00:04:38,080 Ова е особено поволно за проучување на егзопланетите 49 00:04:38,780 --> 00:04:44,800 затоа што молекулите во атмосферите на егзопланета оставаат најмногу индиции во инфрацрвениот опсег. 50 00:04:47,360 --> 00:04:52,100 Поточно, овие бранови должини може да ни помогнат да пронајдеме погодни планети. 51 00:04:52,680 --> 00:05:00,320 Планетите со правилните услови за одржување на течна вода емитираат топлинско зрачење кое достигнува својот врв во инфрацрвеното поле. 52 00:05:02,140 --> 00:05:09,260 Осетливоста на Џејмс Веб кон овие клучни бранови должини мора да открие повеќе тајни за егзопланетите 53 00:05:09,500 --> 00:05:13,900 и може дури и да пронајде живот на друго место во Универзумот. 54 00:05:15,660 --> 00:05:18,040 Ова Hubblecast сценарио на македонски го преведе Андреј Стојчевски.